Невил раскажа зошто Кристијано никогаш не стана капитен на Манчестер

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, никогаш не му ја додели капитенската лента на Кристијано Роналдо на Црвените ѓаволи затоа што другите играчи од тимот ќе биле незадоволни. Ова го кажа поранешниот бек Гери Невил.

„Имавме толку силен тим, што чувствував дека не сум доволно квалитетен за да ја носам капитенската лента и тоа му го кажав на Фергусон. Тој луто ми врати: Ќе ја задржиш е…… лента, синко. Ти и Гигс ќе се менувате. Ако ја дадам на Роналдо, Руни ќе се налути, ако ја дадам на Руни, Роналдо ќе се буни. Ако ја дадам на Видиќ, Фердинанд нема да биде среќен”, вели некогашниот десен бек.

Така, Невил и Гигс беа капитени во период од три-четири години само за сите во соблекувалната да бидат сплотени.

„Бевме како полиција, Ферги сакаше да биде сигурен дека тимот е на прво место, иако не се чувствував достоен за капитен во тоа време”, додава Невил, по чие пензионирање во 2009, лентата ја зеде Србинот Видиќ, а Руни стана капитен кога се повлече Фергусон.

- Оглас -

Најнови вести