Невил верува во моќта на Сити: Ќе ја победат УЕФА

Гери Невил смета дека Манчестер сити ќе ја победи УЕФА во битката што се разгоре по одлуката на европската куќа на фудбалот да го казни англискиот првак со двегодишна забрана за настап во Лигата на шампионите и со парична казна од 30 милиони евра.

„Очекувам Манчестер сити да се бори бескомпромисно и да ја победи УЕФА. Немам верба во УЕФА, тоа е една беспомошна и дезорганизирана групација што ќе ја загуби битката. Што ќе биде ако грешам? Е тогаш ќе биде многу лоша ситуацијата кај англискиот првак“, изјави Невил.

Сити сигурно ќе се жали на одлуката на УЕФА во Судот за спортска арбитража (CAS), а најавија дека и ако таму им биде потврдена казната, ќе продолжат со битката на цивилен суд.

Сега прашање е дали Манчестер сити ќе биде казнет за финансиски малверзации и од матичната асоцијација, од познатата ФА на Англија.

- Оглас -

Најнови вести