Незаборавно мундијалско искуство за Илија и Деан со Sport Life

Македонската ракометна репрезентација ги заврши настапите во групната фаза од Светското ракометно првенство во Минхен. Пет возбудливи меча одиграа нашите најдобри ракометари во „Олимписката сала“. Можност во живо да навиваат за Македонија имаа Илија Ефтимоски и Деан Маркулевски Винченци.
Илија и Деан беа во Минхен благодарение на Sport Life, но и Доста Димитриевска од Охрид. Доста беше добитничка на главната премија на кампањата „Навиваме заедно со Sport Life во Германија“. Охриѓанката го имаше најголемиот погоден коефициент на тикет уплатен во Sport Life во периодот од 7-ми до 31-ви декември.
На добитното ливче кое донесе патување во Минхен имаше само четири одиграни натпревари, но вкупниот погоден коефициент беше 3.519,14. Сите четири меча се со коефициент поголем од 7, а играта е малку необична. Таа погодила дека на сите средби ќе има ГГ&1=2. На ливчето уплатено за 20 денари, добивката беше 70.389 денари.

ПАСОШОТ БЕШЕ ПРЕЧКА ДОСТА ДА ОДИ ВО МИНХЕН
Сепак, Доста не успеа навреме да извади пасош за да отпатува во Германија, па двата билети за пат во Германија ги подари на својот внук. Тоа беше одлична шанса за Илија и Деан. На двајцата спортски вљубеници им се насмевна среќата да отпатуваат во Минхен.
Sport Life обложувалниците обезбедија авионски превоз, сместување и билети за сите пет меча од групната фаза во Минхен. Двајцата патници уживаа на планетарниот ракометен собир и во возбудувањата на дуелите на Македонија против Јапонија, Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд.
„Привилегија е да се биде дел од Светско првенство како што е ова во Германија. Благодариме на Sport Life што организираше една ваква наградна игра, а, секако, голема благодарност и до Доста, која ни дозволи да ја искористиме можноста да бидеме дел од Мундијалот. Ваков настан се памти цел живот“, велат задоволните добитници на главната премија.

ДЕНОВИ ИСПОЛНЕТИ СО РАДОСТ, НО И РАЗОЧАРУВАЊЕ ВО ИСТОРИСКАТА САЛА
Илија и Деан и пред да заминат во Минхен, редовно ги следеле настапите и навивале за нашите најдобри ракометари. На Деан дури му се погоди и роденденот да го прослави во Минхен. Тоа беше во средата, кога Македонија играше против Шпанија. За жал, избраниците на селекторот Раул Гонзалес не успеаја да го израдуваа Деан на тој меч со победа.
Самото присуство во „Олимписката сала“ во Минхен дава посебно чувство. Тоа е сала која е направена специјално за Олимписките игри кои во 1972 година се одржаа во Минхен. Сега салата е реновирана, модернизирана и вистинско уживање е да се навива заедно со повеќе од 15.000 други фанови, а тоа најдобро го почувствуваа Деан и Илија.

ВО КАМПАЊАТА СЕ РАДУВАА УШТЕ ДВАЈЦА ОБЛОЖУВАЧИ
Освен Деан и Илија, во кампањата „Навиваме заедно со Sport Life во Германија“ се израдуваа уште двајца обложувачи. Тоа се оние двајца кои имаа втор и трет најголем погоден коефициент во периодот од 7-ми до 31-ви декември. 
Второпласиран беше Емини Ештреф, кој е добитник на телевизор, додека Раман Шабани е третопласиран во кампањата „Навиваме заедно со Sport Life во Германија“ и тој се поднови со мобилен телефон.

СО МУНДИЈАЛОТ ТРАЕ И ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА „ГОЛОВИ ЗА ПОБЕДА, ГОЛОВИ ЗА РАДОСТ“
Sport Life секогаш е во центарот на најважните случувања. Освен кампањата со која се израдуваа неколку играчи, за време на ракометното Светско првенство се реализира и хуманитарната акција „Голови за победа, голови за радост“.
Во оваа хуманитарна акција Sport Life ќе донира по 2.000 денари за секој постигнат гол на македонската репрезентација на Светското првенство. Парите кои ќе се соберат ќе бидат наменети за децата на кои им е најпотребна таа парична помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести