Незадржливиот Кари даде 43 поени и замолкна 20.000 навивачи на Бостон (Видео)

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс израмнија на 2:2 во победи против Бостон селтикс, во големото финале на НБА лигата. Бостон водеше со 2:1 и имаше меч на свој терен, но Воините покажаа дека нема да се предадат, па успеаа да го вратат загубениот брејк и победија со 107:97. Уште пред да започне финалето на плејофот, мнгумина прогнозираа дека ова ќе биде борба која ќе се решава во максимални седум меча, а засега ситуацијата оди во таа насока.

Бостондобро го започна мечот и во првите две четвртини беше подобар и на полувреме водеше со 54:49. Во третата четвртина гостите се вратија во игра, а во последните 12 минути се влезе со резултат 78:79 за Воините. Бостон водеше со 94:90, кога гостите со серија од 10:0 стигнаа до 100:94  и до крајот не ја испуштија предноста.

Стеф Кари е херојот на Голден Стејт откако успеа да постигне 43 поени, а имаше и 10 скока, додека Татум со 23 поени и 11 скока беше најдобар кај домашниот тим.

Петиот меч се игра на теренот на Голден Стејт.

- Оглас -

Најнови вести