Незамисливо во денешно време, ова е голот за кој Пеле велеше дека му е најубав во кариерата (Видео)

Кралот на фудбалот, Пеле, кој почина синоќа на 82-годишна возраст, во дресот на Сантос постигна повеќе од 1.000 голови, но еден отскокнува со својата убавина, а и самиот Пеле за тој погодок кажуваше дека му е најубав во кариерата.

На 2 август 1959 година, играа Сантос и Јувентус од Сао Пауло, а сите 10.000 луѓе кои беа на трибините на стадионот „Руа Жавари“, всушност присуствуваа на историја.

Во 42-рата минута, Пеле даде гол за водство на Сантос од 4-0 и тој гол му е најатрактивниот во кариерата. Дорвал нафрли, топката дојде кај Пеле, кој го издрибла својот прв чувар, а потоа со уште четири „сомбрера“ ги лобуваше своите чувари и голманот за на крај да даде гол со глава. Дури и играчите на Јуве му честитале.

За жал, не постои телевизиска снимка од голот, но за потребите на документарецот „Вечниот Пеле“, кој излезе во 2004 година, беше направена компјутерска симулација.

Еве како изгледала мајсторијата на Пеле при неговиот најубав гол:

- Оглас -

Најнови вести