Незапирливиот Дончиќ го одведе Далас до нов триумф, страшен Торонто (видео)

Далас влезе во победнички ритам добивајќи го и четвртиот меч во низа, на домашен терен Маверикс славеа со 120:112 против Портланд. Уште едно одлично издание на Лука Дончиќ ја направи разликата на средбата, а словенечката ѕвезда ноќеска беше расположен да погодува тројки.

Дончиќ реализира 8/12 од линијата за три поени, што е негов личен рекорд на ефикасност, додека мечот го заврши со 35 поени, 8 скока и 7 асистенции, близу трипл-дабл учинок. Лилард на другата страна беше најрасположен играч на паркетот, му парираше на Дончиќ со 34 поени, а запиша и 10 додавања.

Торонто по два порази на свој терен конечно ја израдува домашната публика, и тоа со убедливи 140:111 против Вашингтон. Шампионите блеснаа како во најдобрите денови и потполно ги надиграа Волшебниците, а гневот најмногу го истурија во последниот период во кој Торонто постигна 40 поени.

Ги предводеше Пауел со 28 поени и пет скока, тој беше најефикасен меѓу седуммината двоцифрени играчи во домашниот состав.

Останати резултати:

Индијана 116:114 Минесота, Филадефлија 100:89 Чикаго, Мемфис 113:109 Кливленд, Оклахома 108:115 Мајами, Сан Антонио 120:121 Атланта.

- Оглас -

Најнови вести