Незапирливиот Трамп руши рекорди, освои нови два трофеи и одлично заработи

Незадржливиот Џад Трамп со победата над младиот Кинез Си Џијаху стигна до нова титула во снукерот победувајќи на Германскиот мастерс, кој синоќа заврши во Берлин. Кинезот Си водеше со 5:4 во фрејмови, но потоа следуваше низа од 3:0 за Трамп и фаворитот не дозволи да биде изненаден во мечот за трофејот.

Со оваа победа Трамп само потврдува дека заедно со легендарниот Рони О’Саливен се двајцата играчи кои доминираат во снукерот. Едноставно, Трамп и О’Саливен доминираат на турнирите на коишто играат.

Младиот Англичанец во Берлин стигна до четвртата голема титула оваа сезона, во која беше најдобар и на Англија опен, Вухан Опен и Северна Ирска Опен. Трамп вкупно има 27 титули во кариерата, а фактот дека има само 34 години е најава дека тој уште долги години може да доминира, па дури и да го брка рекордот на легендарниот О’Саливен.

Трамп во Берлин стигна до третата титула на Германија мастерс и се запиша како најуспешен играч во историјата на овој турнир. За освојувањето на оваа титула во Германија, тој заработи и 95.000 евра, а доби и дополнителни 175.000 евра затоа што е и вкупен победник на Вет Виктор серијата, што значи дека стана побогат вкупно за 270.000 евра со два нови пехари за личната галерија со трофеи.

Денеска и утре продолжуваат возбудувањата во снукер со дуелите од Лигата на шампионите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести