Нголо Канте прави мега-трансфер во Манчестер јунајтед?

Заминувањата на Пол Погба и на Немања Матиќ, го приморува новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, да бара квалитетна замена и пополнување на испразнетото место во средниот ред на Црвените ѓаволи.

Тен Хаг побарал од раководството на Јунајтед, да се обиде да го ангажира сонародникот на Погба, Нголо Канте од Челзи. Канте кој е еден од ретките фудбалери со две премиерлигашки титули по ред со два различни клуба, има договор со Сините за уште една сезона.

Останува отворена опцијата и за Френки Де Јонг од Барселона, играч кој Тен Хаг го тренираше во Ајакс, но според англиските медиуми, приоритет е вредниот и искусен плејмејкер Канте.

- Оглас -

Најнови вести