НХЛ пак ќе се проширува, франшиза се гради во Сиетл

НХЛ ќе добие нов учесник од сезоната 2021/22. Нова франшиза ќе се создава во Сиетл, која ќе биде 32-риот член на Лигата. Потврдата пристигна по денешниот состанок на бордот на директори на Асоцијацијата, на кој едногласно се гласаше „за“ проширување на Лигата.

Новата франшиза од Сиетл ќе се натпреварува во Западната конференција, поточно во дивизијата на Пафицикот, додека Аризона којотс ќе се пресели во дивизијата Централ.

Основањето на франшизата ќе чини 650 милиони долари, или 30% повеќе од износот кој го плати Вегас голден најтс при нивното влегување во Лигата во 2017 година, кои воедно се и последниот тим со кој се прошири шампионатот на НХЛ.

Основачите на франшизата од Сиетл сакаа да започнат со натпреварување една година порано, но раководството на Асоцијацијата смета дека тоа не е возможно бидејќи „Киа арената“, во која ќе игра новиот тим, не е реконструирана во целост.

Во истата арена настапуваше кошаркарсниот тим на Сиетл суперсоникс, но откако франшизата се пресели во Оклахома во 2008 година, оттогаш во овој град нема елитен спортски клуб кој би се натпреварувал во зимскиот период.

Интересот за хокеј во Сиетл наеднаш порасна, па само еден час по одобрувањето за креирање на франшизата, продадени се 10.000 депозити за сезонски билети, додека на крајот таа цифра се зголеми на 25.000 билети.

- Оглас -

Најнови вести