Ни Алисон, Буфон, Љорис, Де Хеа, анонимец е број 1 голман во Европа

Емил Аудеро сезонава за прв пат во кариерата е стартер во Серија А и веќе блеска. Во досегашниот дел од сезоната, Аудеро се промовираше во најдобар голман според процентот на одбранети удари во Топ 5 лигите. Ниту Алисон, ниту Буфон, Љорис, Де Хеа и останатите ѕвезди кои ги чуваат головите на големите екипи, не може да му парираат на талентираниот голман.

Аудеро неодамна дебитираше за младата репрезентација на Италија до 21 година и допрва треба да се промовира во вистинска ѕвезда. На голот на Сампдорија, во досегашниот дел од сезоната има одбрането 87,5 отсто од шутевите. Ниту еден друг голман во Топ 5 лигите нема подобар процент од него.

Зад Аудеро следи Љорис со 86,67 отсто одбранети удари, додека на третото место е најскапиот голман во историјата, чуварот на мрежата на Ливерпул, Алисон (85,71 отсто). Легендарниот Џиџи Буфон кој ја чува мрежата на ПСЖ е на четвртото место на оваа листа со 83,33 отсто одбранети удари кон неговиот гол.

 

 

- Оглас -

Најнови вести