Ни Истанбул, ни Лондон: Финалето во ЛШ се сели во Порто

Истанбул речиси сигурно повторно ќе го загуби домаќинството за мечот за титулата во Лигата на шампионите, но финалето нема да се игра ниту во Англија, односно на „Вембли стадионот“ во Лондон, како што се најавуваше.

Новинарот на италијанскиот „Скај спортс“, Анџело Мањанте, тврди дека УЕФА во следните 24 часа ќе потврди дека финалето се сели во Порто, односно Челзи и Манчестер сити на 29 мај ќе се сретнат на „Драгао стадионот“, домот на Порто.

Интересно е што и ланското финале се играше во Португалија поради пандемијата со корона-вирусот, но европскиот првак Баерн Минхен титулата ја славеше во Лисабон, а сега ќе се игра во градот на Змејовите.

- Оглас -

Најнови вести