Ни Марадона не помага – Гимназија Ла Плата реди порази

Диего Армандо Марадона има старт со два порази како кормилар на последнопласираната екипа во аргентинскиот шампионат. Гимнзаија Ла Плата повторно е поразена со 2:1 во вториот меч по ред откако легендата беше именуван за нов тренер.

По Расинг и Талерес, во Кордоба ја победи Гимназија со 2:1 и ја остави на дното на табелата само со еден бод по 7 кола.

Навивачите на клубот со многу емоции и радост го прославија именувањето на Марадона за нов тренер, но стартот не е на нивото на очекувањата, па легендата на светскиот фудбал ќе има исклучително тешка задача да го спаси клубот од испаѓање.

По 7 рунди, Гимназија Ла Плата е единствената екипа од сите 24 во аргентинската Суперлига што нема ниту една победа и е последна со еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести