Ни на Меси не му простуваат: Суспензија и парична казна за Аргентинецот

Лионел Меси заработи суспензија од еден меч и парична казна од, смешни за него, 1.500 долари поради исклучувањето на дуелот против Чиле во мечот за третото место на Копа Америка. Меси беше исклучен по еден вербален, но и физички контакт со Гари Медел. 

Освен црвениот картон, Меси беше немирен и на зборови, па обвини дека Бразил морало да ја победи Аргентина во полуфиналето, а потоа не сакаше ниту да го земе бронзениот медал велејќи дека не сака да биде дел од таа корупција.

Кога беше предупреден дека може да биде жестоко казнет поради тие негови изјави, Меси само кратко рече: „Нека прават што сакаат. Вистината мора да се каже“.

Шпекулациите беа дека Меси може да биде казнет и со 8-10 меча суспензија, но на крајот се сведе само на еден меч, кој е задолжителен по добиен црвен картон.

 

- Оглас -

Најнови вести