Ни пеналџискиот рекорд не го спречи првиот кикс на Челзи со Тухел

Челзи одигра само 1-1 на гостувањето кај Саутхемптон, а ова е резултат кој повеќе им одговара на домашните кои конечно ја запреа рекордната црна серија од шест премиерлигашки порази едноподруго. Сините остануваат непоразени откако на клупата седна тренерот Томас Тухел, но реми против тим кој го победуваа на негов стадион пет пати по ред, е неуспех.

Најголем проблем на тимот од југот на Англија е што не знае да задржи предност. Сезонава испуштија дури 18 бода откако воделе и не победиле, или имале нерешено, а на крај губеле. Такуми Минамино на три настапи за Саутхемптон има повеќе голови (два) во Премиерлигата отколку што даде на 19 меча за Ливерпул (еден гол).

Челзи за првпат беше во негатива откако Томас Тухел седна на тренерското столче во клубот, но избегнаа пораз. Од Маурицио Сари во 2018 година не беше виден тренер во Премиерлигата кој на своите први шест меча немал ниту еден пораз, а на Тухел му успеа тоа.

Мејсон Маунт стана 25-тиот различен играч на Челзи кој дал гол од пенал за Сините во Премиерлигата, и тоа е нов премиерлигашки рекорд. Ниту еден друг клуб немал толку многу различни изведувачи на најстрогата казна.

- Оглас -

Најнови вести