Ни Роналдо, ни Рамос не успеале да го наговорат Левандовски

Роберт Левандовски кој стана странец со најмногу голови во историјата на Бундеслигата, Роберт Левандовски откри една тајна која ја чувал подолго време. Полскиот голгетер не само што бил на мета на Реал Мадрид, туку лично капитенот Серхио Рамос и тогашниот најдобар играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо го убедувале Ллевандовски да направи трансфер.

Левандовски со годиниблеска во Бундеслигата, а кога бил во најдобра форма, Реал сакаше да го купи. Дури и главните ѕвезди во тимот, капитенот Рамос и голгетерот Роналдо биле бклучени во преговорите.

„Мислам дека беше пред две години. Дојдоа Рамос и Роналдо и ми рекоа дека морам да потпишам за Реал Мадрид. Можев да одам во Реал, но ја донесов вистинската одлука. Јас веќе играм во еден од најголемите клубови во светот. Мојата работа е да останам фокусиран и да ги радувам навивачите на Баерн Минхен“, рече напаѓачот на Баерн Минхен.

Минатата недела Левандовски успеа да стигне до 196 голови во Бундес лигата и на тој начин да го надмине рекордот на Клаудио Пизарко кој со години беше најефикасен странец во историјата на германското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести