Ни срам, ни перде – голфер уринираше пред камери (Видео)

Голферот Џон Рем беше ѕвезда на денот на ПГА шампионатот во голф, но не поради некој одличен потег на теренот, туку поради начинот на кој несакајќи ги изненади гледачите крај своите телевизори.

Додека фокусот на камерата беше кон Дастин Џонсон, се виде како во позадина на ледината, Рем кој не обрати внимание на камерите, забрзано одеше кон едно дрво, и „се олесни“. Неговиот „излет“ стана хит на Интернет.

Сите што редовно гледаат голф, знаат дека ова се чести појави, но ретко е некој да уринира пред камери.

Погледнете како Рем во живо вршеше мала нужда:

- Оглас -

Најнови вести