Ни титулата во Шпанија не го спаси Јасикевичиус, Барса официјално има нов тренер!

Кошаркарскиот клуб Барселона објави дека се разделува со тренерот Шарунас Јасикевичиус и истовремено официјално објави дека нов тренер е Рожер Гримау.

Под водство на Јасикевичиус, Барса сезонава ја освои шпанската лига со победа на Реал Мадрид во финалето од 3-0 во победи, но тоа не беше доволно. Каталонците беа елиминирани од Реал во полуфиналето на Евролигата и тоа беше огромна пречка за останување на Литванецот бидејќи главна цел им беше европската титула.

Барса најави кратење на буџетот, ќе си оди и најскапиот играч Никола Миротиќ.

Новиот тренер Гримау потпиша двегодишен договор. Гримау, кој има 44 години, беше капитен на Барса во 2010 година, кога клубот за првпат ја освои Евролигата, а сезонава работеше во вториот тим на Барса.

- Оглас -

Најнови вести