Нигериец преку Твитер го моли Манчестер јунајтед да го ангажира

Младиот нигериски фудбалер Принсвил Олисаегбо Сервантес, најде необичен начин да му пристапи на Манчестер јунајтед, и преку социјалните мрежи побара од Црвените ѓаволи да го ангажираат. Сервантес за кого нема податоци каде играл досега, во објавата на Твитер носи дрес на руската репрезентација од 2016 година.

„Драг Манчестер јунајтед, ќе ми биде мило ако ја прифатите мојата молба и потпишете договор со мене. Јас сум брилијантен централен дефанзивец. Може да играм во тандем со Хари Мегваер, бидејќи сум брз. Висок сум 190 сантиметри. Бог да ве благослови“ – напиша Нигериецот.

- Оглас -

Најнови вести