Нигерија го преслуша дрим-тимот на САД во загревањето пред ОИ (видео)

Нигерија приреди големо изненадување во подготовките за Олимписките игри со минимален триумф од 90:87 над дрим-тимот на САД. За Американците ова е прв пораз од африканска земја откако нивниот состав е предводен од НБА ѕвезди.

Нигеријците предводени од селекторот Мајк Браун, поранешен тренер на Кливлен кавалирс, успеа да ги шокира фаворитите среде Лас Вегас, а најзаслужен за победата е бекот на Мајами хит, Гејб Винсент со 21 поен. Дурант со 17 поени беше најефикасен кај Американците, но недоволно за да избегнат ваков неочекуван шок иако се работи за контролен натпревар.

САД можеше да го израмни резултатот имајќи 13,5 секунди за напад, кој не го искористи Лавин откако ги промаши двете слободни фрлања, па на другата страна Ачијува погоди едно од двете слободни фрлања на помалку од две секунди и ги реши дилемите.

https://www.youtube.com/watch?v=f0Db4x6e1NM

- Оглас -

Најнови вести