Нигериски репрезентативец колабираше среде тренинг

После информацијата дека Камерунците не сакаат да отпатуваат за Египет затоа што федерацијата им им исплатила дневници, доаѓа уште полоша вест во пресрет на стартот на Африканскиот куп на нации.

Нигерискиот репрезентативец Самуел Калу доживеал срцев удар и итно бил пренесен во болница. Нигерија утре игра со Бурунди, и ова е голем шок за „супер орлите“. Сепак, подоцна дојде информација дека не е срцев удар, туку Калу дехидрирал на топлото време.

Крилото Калу кој има 21 година, е член на француски Бордо. Сега е во стабилна состојба, но нема да може да игра. Пред неколку месеци, мајката на Калу беше киднапирана, па ослободена откако на грабнувачите веројатно им било платено.

- Оглас -

Најнови вести