Нијанси одлучија: Работник со пораз дебитираше во ракометната ЛШ

Еурофарм Работник дебитираше во Лигата на шампионите со пораз од Спортинг Лисабон при конечни 29:30. На Битолчани не им помогна огромната поддршка од трибините на „Боро Чурлевски“ да дојдат до првиот историски триумф во европската елита, а нијанси одлучија радоста да припадне на гостите од Португалија.

Домаќините добро ја отворија средбата и по воведните десетина минути имаа предност од два гола. Иницијативата потоа припадна на ракометарите на Спортинг, но по серијата од три погодоци во финишот од првиот дел избраниците на Алушовски заминаа на паузата со резултат од 16-15.  Фуриозниот старт на Лавовите во вторите 30 минути, па во неколку наврати имаа и +3. Сепак, јасно беше дека дури до последните моменти ќе се одлучува победникот, па иако Работник дојде до 28-29 во последните 30 секунди Спортинг го сочува резултатот за прва победа.

Гионеа беше незадржлив за Битолчани и постигна 10 гола од 12 обиди, додека кај поразените најефикасни беа Јотиќ и Остроушко со по пет погодоци.

- Оглас -

Најнови вести