Нијаз и Родалега го „запалија“ Денизли – Прволигашки кам-бек со нокаут против најтрофејниот клуб во Турција

Со головите на Нијаз и на Родалега, новиот прволигаш Денизлиспор приреди првокласна сензација на стартот од новиот шампионат против најтреофејниот клуб во Турција, Галатасарај.

Домаќините го прославија кам-бекот во елитата со голем триумф од 2:0 и најавија дека ќе бидат тврд орев за прволигашите во Турција.

Првиот гол го постигна Нијаз, откако претходно Галатасарај промаши пенал. Инан упати лош удар од белата точка, а голманот на Денизли Стаховјак одбрани.

Казната стаса во последните 20-на минути, кога 22-кратниот шампион на Турција прими два гола и загуби на премиерниот меч од новото првенство.

- Оглас -

Најнови вести