22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Никаде на друго место во светот не може да има ваква фотографија на меч од втора лига како Италија

Дуелот од италијанската Серија Б меѓу Комо и Парма беше посебно интересен за фудбалскиот свет. Домаќините победија со 2:0, а во фокусот беа капитените на двата тима. Предводник на екипата на Комо е Сеск Фабрегас, шпанската фудбалска ѕвезда кој минатото лето изненадувачки реши да си замине од Монако и потпиша за италијанскиот второлигаш.

На чело на Комо е некогашниот капитен на Челзи, Денис Вајс, кој откри дека Фабрегас одбил финансиски поголема понуда од Обединети Арапски Емирати за да дојде во Комо.

Од другата страна, капитен на Парма веќе подолго време е Џанлуиџи Буфон. Легендарниот голман кој има 45 години, кариерата ја започна во Парма во далечната 1995 година, а сега повторно е дел од овој тим.

„Приказна која нема крај“, беше пораката од италијанскиот новинар Фабрицио Романо постирајќи ја фотографијата со двајцата легендарни капитени на екипите од Серија Б.

- Оглас -

Најнови вести