Никаде не е сигурно: Претепани тројца фудбалери на тим од МЛС

Фудбалскиот тим на Ванкувер вајткапс, кој е дел до американската МЛС-шампионат, соопшти дека тројца нивни фудбалери биле нападнати и претепани. Според првите луѓе на Ванкувер, се работи за напад со расистичка позадина, а еден од тројцата фудбалери завршил во болница.

„Еден фудбалер е во болница со повреди кои, за среќа, не се животно загрозувачки. Верувам дека тој целосно ќе закрепни по направениот оперативен зафат“, стои во дел од соопштението на клубот од Вакнувер.

Ванкувер следниот меч во МЛС ќе го игра на 19 август, на гости кај Остин, а домаќините се фаворити за победа.

 

- Оглас -

Најнови вести