Никогаш не е доста од гледање убави голови (Видео)

Ексцентричниот Габонец, поранешниот член на Црвена ѕвезда, Гелор Канга постигна нов убав гол во својата кариера, која сега му тече како фудбалер на Спарта Прага.

Канга, кој е познат по лудиот карактер, непредвидливоста и ексцентричноста, мераклија е да шутира од далечина и да се обидува да дава убави голови. Вчера му успеа кога на мечот со Јаблонец ја „закачи“ топката толку добро, што таа како ракета леташе кон голот на противничката екипа и заврши во горниот агол.

- Оглас -

Најнови вести