Никогаш не е доцна, НБА легенда има 64 години и уште може да забие (Видео)

Некогашниот НБА-играч Маркис Џонсон има 64 години и беше снимен како забива во кошот кој го има во својот двор. Џонсон е легенда и прв стрелец во историјата на Милвоки бакс за кои играше од 1977 до 1984 година, петкратен олстар, а клубот во негова чест го има повлечено дресот со бројот 8. Тој осумката ја носеше и во ЛА клиперс, роден е на 8 февруари.

Џонсон, кој е висок 201 сантиметар, пред да забие и да покаже дека и на оваа возраст има одличен вертикален одраз, се пошегува дека како што Арон Гордон заби преку Тако (Тако Фол, кој е висок 229 сантиметри), така и тој ќе забие преку тако (на земја стави две порции од јадењето тако).

- Оглас -

Најнови вести