Никогаш не играл во Шпанија, повикан за репрезентацијата, а Македонија има ќар од тоа

Даниел Олмо е фудбалерот кој испишува историја во репрезентација на Шпанија. Ѕвездата на Динамо Загреб е повикан за сениорската селекција, за мечевите против Малта и Романија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година.

Популарниот Дани има шанси да стане првиот фудбалер кој заиграл за Црвената фурија, а во кариерата нема одиграно ниту еден меч во шпанското првенство.

Олмо уште како дете започнал со фудбал, а поминал седум години во школата на Барселона, но како 16-годишник заминал во Загреб и заигра за Динамо, каде сега е главен играч. Олмо досега има 14 меча во младинската репрезентација на Шпанија, а интересно е тоа што повикот за настап во сениорскиот тим, значи дека ѕвездата на Динамо нема да биде во комбинација за следниот дуел на У21 селекцијата.

Шпанија на 14 ноември, на свој терен игра против Македонија, a Олмо нема да биде во конкуренција за овој меч.

- Оглас -

Најнови вести