Никогаш не утнал пенал, а изведувал во четири различни натпреварувања

Првите две кола од продолжувањето на Бундеслигата минуваат во знак на младиот офанзивен играч од средниот ред на Баер Леверкузен, Каи Хаверц. Откако во претходното коло даде два гола против Вердер, Хаверц и вчера двапати ја тресеше противничката мрежа, овојпат на Борусија Менхенгладбах. Едниот гол беше од пенал, со што Хаверц продолжи една убава пеналџиска низа.

Хаверц уште нема утнато пенал во својата кариера, а удари од белата точка изведуваше веќе во четири различни натпреварувања. Од 12-те пенали во кариерата, има 12 реализации. Два се во младинската Бундеслига, по четири во сениорската Бундеслига и квалификаците за ЕП за играчи до 19 години, и уште два во Лига Европа.

Вчера искусниот голман Јан Зомер беше блиску да му го одбрани шутот на Хаверц од 11 метри, но топката сепак влезе во голот. Ова е моментот кога Хаверц му шутира на Зомер, а видете ја реакцијата на неговиот соиграч во позадина.

Муса Диаби веќе однапред како да знаеше што следува, па се смешкаше додека Хаверц земаше залет.

- Оглас -

Најнови вести