Никогаш посиромашен не бил Боксинг деј – од планираните 41 меча ќе се играат само 16!

Денот по прославата на католичкиот Божиќ напречен Боксинг деј, секогаш се очекувал со посебно внимание во фудбалска Англија. Тоа е денот кога се играат голем број мечеви во англиските лиги и едноставно тоа е еден вид на фудбалски празник.

Сепак, оваа година, Боксинг деј ќе биде поинаков од останатите години. Новиот бран на Коронавирусот е причина за голем број на одложени мечеви, па од Топ 4 лигите во Англија има голем број на одложени мечеви.

Според првичната програма, дури 41 натпревар требаше да се играат во Топ4 лигите во Англија, но сега ќе се играат само 16. Дури 25 меча се одложени поради пандемијата.

Премиерлигата најдобро помина, па од најавените девет меча, одложени се само три и тоа Ливерпул – Лидс, Вулверхемптон – Ватфорд и Барнли – Евертон.

Во Чемпионшип лигата, односно втората лига по ранг одложени се дури седум од 10-те планирани денешни средби.

Во Лига Еден шампионатото наместо 10 натпревари, ќе се играат само четири, а најлоша е ситуацијата во Лига Два, односно четвртата лига на Англија. Таму се одложени девет од планираните 12 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести