Никој како дон Карло, Анчелоти најбрзо во историјата на Ла Лига дојде до 200 победи

Денешниот натпревар на Реал Мадрид против Осасуна беше специјален за тренерот на Карло Анчелоти бидејќи се запиша во историјата на Кралскиот клуб, а згора на тоа одбележа голем јубилеј.

Дуелот против Осасуна беше 900-ти за Анчелоти како тренер на екипа која играла во првата лига. Анчелоти тренерската кариера ја започна во 1992 година како асистент во италијанската репрезентација, а во 1995 година со Реџиана успеа да обезбеди пласман во Серија А.

 

Следната сезона ја презе Парма која во тие години беше еден од најдобрите европски клубови и оттогаш 900 меча по ред тренира екипи од најсилните лиги во Европа (Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи, Евертон и повторно Реал Мадрид).

Згора на тоа, денешната победа над Осасуна исто така беше јубилејна 200-та како тренер на Реал Мадрид. Тој до оваа бројка на победи дојде од само 277 натпревари. Никој во Шпанија немал 200 победи на толку малку натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести