Никој како Рамос

Светскиот првак од 2010 година, репрезентацијата на Шпанија, вечерва гостува во Осло каде што ќе ги одмери силите со Норвешка во рамки од седмото коло во квалификациите за ЕП 2020. Овој меч ќе биде од посебно значење за капитенот на Црвената фурија, Серхио Рамос.

Искусниот стопер вечерва ќе биде прогласен за рекордер по бројот на настапи во дресот на Шпанија, надминувајќи го рекордот на Икер Касилјас од 167 меча. Рамос по 14 години репрезентативна кариера успеа да го стигне поранешниот колега, додека низ години освои две европски и една светска титула.

Во блиска иднина Рамос може да урне уште еден рекорд по број на настапи, оној на Џанлуиџи Буфон, кој со 176 меча за Италија е најуспешен во Европа, додека за светскиот рекорд на Египќанецот Ахмед Хасан (184 меча) му недостасуваат уште 16 натпревари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести