Никој како Роналдо – прв со титули во три од петте најсилни лиги во Европа

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека е уникатен фудбалер. Португалецот е единствен кој има освоено пет титули во Лигата на шампионите, од вечерва додаде уште еден неверојатен рекорд. Тој е првиот играч кој успеал да освои титули во домашните првенства на три од петте најсилни фудбалски лиги.

Роналдо првата радост во Топ 5 лигите ја имаше во дресот на Манчестер јунајтед. Со „црвените ѓаволи“ беше првак во Премиер лигата во 2007, 2008, 2009 година. Потоа направи трансфер во Реал Мадрид, каде не се прослави многу со успех во Примера, затоа што во девет години, само два пати се радуваше. Тоа му успеа во 2012 и 2017 година.

Минатата година, Роналдо си замина од Реал Мадрид и го облече дресот на Јувентус. Уште во првата сезона со Старата дама, Португалецот стана шампион во Серија А, а со тоа и прв играч со трофеи во три од петте најсилни лиги во Европа.

- Оглас -

Најнови вести