Никој како Стерлинг – Осум гола на шест меча против Борнмут

Актуелниот англиски првак, тимот на Манчестер сити со убедливи 3-1 го совлада Борнмут во мечот од рамките во 14. Коло во Премиер лигата. „Граѓаните“ ја продолжија низата на шест победи во шампионатот, по ремито без голови против Ливерпул, а по 14 средби освоија 38 бода од максимални 46.

Сити преку Бернардо Силва по 16 минути игра стигна до предност, но гостите преку Вилсон израмнија во финишот на првиот дел. Предноста за Сити ја врати Стерлинг во 57-та минута.

Англичанецот испиша историја, на шест последователни меча против Борнмут постигна барем по еден гол, денеска го запиша осмиот погодок во дресот на Сити против екипата на Еди Хау , и стана првиот фудбалер на кого му успеало да оствари ваков учинок против една екипа од Премиер лигата.

За Стерлинг овој гол беше вкупно осми во шампионатот, се израмни со својот клупски колега Агуеро на врвот на листата на стрелци. Конечните 3-1 ги постави Гундоган во 80-тата минута од средбата.

Останати резултати Премиер лига 14. коло:

Кристал палас – Барнли 2-0

Хадерсфилд – Брајтон 1-2

Лестер – Ватфорд 2-0

Њукасл – Вест хем 0-3

- Оглас -

Најнови вести