Никој не е како Кралот – Џејмс го надмина Мајкл Џордан во уште еден рекорд (ФОТО)

Леброн Џејмс и дефинитивно ќе замине во историјата како еден од најдобрите а според многумина и најдобар кошаркар во НБА лигата.

Сепак вечната дебата со Мајкл Џордан ќе продолжи, а во меѓувреме популарниот Крал ја надмина легендата на Чикаго булс во уште еден рекорд.

Леброн стана првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој што на десет натпревари по ред постигнува најмалку 25 поени имајќи 37 години, додека тоа на Џордан му успеа на возраст од 34 години.

Како што напишавме пред некој час, Леброн имаше нова одлична партија во победата над Атланта хокс постигнувајќи 32 поени.

- Оглас -

Најнови вести