Никој не го сакаше на драфтот, па го остави и девојката и мислеше дека му се „срушил цел свет“, а сега блеска во НБА

Филмска е приказната на Кристијан Вуд, кошаркарот кој е еден од најдобрите во дресот на Хјустон рокетс. Во 2015 година, Вуд се пријави на НБА драфтот. Кошаркарот ги повика сите роднини и пријатели заедно да го следат драфтот и потоа да направат забава, откако ќе се дознае за кој тим ќе настапува во НБА.

Помина првата рунда на драфтот, а Вуд не беше избран. И по завршувањето на втората рунда на драфтот, Кристијан не го слушна своето име, што значи дека ниту еден тим во НБА не го посака во своите редови.

Тоа беше за неверување ако се знае дека Вуд во двете универзитетски години во Лас Вегас имаше просек од 15,7 поени, 10 скока и 2,7 блокади по меч.  Освен што не беше избран на драфтот во 2015 година, Вуд доби и „корпа“ од неговата тогашна девојка, која го остави веднаш штом дозна дека нема да биде дел од НБА.

Шест години подоцна, 208-сантиметри високиот кошаркар е најдобар играч во Хјустон рокетс. Тимот кој сезонава имаше 15 победи по ред, сега нареди седум победи, а Вуд е одличен со просек од 18,2 поени и 11,9 скока во победничката низа.

Вуд во изминативе шест години играше во шест различни екипи во НБА. Дебитираше во дресот на Филаделфија, а потоа има играно и за Шарлот, Милвоки, Њо Орлеанс и Деторит, а потоа пристигна во Хјустон, со кого постигна тригодишен договор вреден 41 милиони долари. Неговата поранешна девојка сега може да жали што не верувала во Вуд.

 

- Оглас -

Најнови вести