Никој не можеше да остане рамнодушен: Срцата на Чеканите се „скршија“ по реакцијата на Јармоленко (Видео)

Вест хем со 2:1 ја победи Астон вила, во меч на кој главен херој беше Андриј Јармоленко. Украинскиот репрезентативец во игра влезе во 52 минута и неполни 20 минути подоцна успеа да постигне гол за 1:0 за домаќините.

Неколку моменти откако го постигна голот, Јармоленко клекна на колена и заплаче. Веднаш сите играчи на Вест хем дојдоа до Јармоленко и му дадоа поддршка на Украинецот кој голот го посвети на својата земја која е под агресија од Русија.

Чеканите победија со 2:1, но ќе се памти моментот кога Јармоленко клекна на коленици и го совладаа емоциите и заплаче поради воената состојба во која се наоѓа Украина.

https://twitter.com/i/status/1503045487527698438

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести