Никој не очекуваше, Манчестер јунајтед доби нов голман

Голманот на Њукасл, Мартин Дубравка, е нов играч на Манчестер јунајтед. Се очекува Дубравка само да ги заврши лекарските прегледи за да биде комплетиран трансферот, а потоа и да биде претставен како нов играч на „Олд Трафорд“.

Според најавите, голманот доаѓа како позајмен играч, со опција за да се откупи договорот, и тоа за пет милиони фунти. Словачкиот голман има 33 години и ќе биде резерва на Давид де Хеа.

Дубравка има 30 настапи за репрезентацијата на Словачка, а пред да дојде во Њукасл, бил голман и во Жилина, Есбјерг, Слован Либерец и Спарта Прага.

 

- Оглас -

Најнови вести