Никој не сака да игра против оваа репрезентација

Монтсерат е остров од Карибите на кои живеат помалку од 5.000 жители, a крикетот е најпопуларен спорт. Освен крикетот, жителите на овој мал остров го сакаат и фудбалот, но за нивна жал немаат многу шанса да гледаат како игра нивната репрезентација.

Иако е формирана уште пред повеќе од 50 години, Монтсерат за прв пат играше во квалификациите за СП 2002 година, но веднаш беа елминирани. И во следните квалификации, експресно ги завршуваат настапите. Челниците на федерацијата мака мачат да најдат противник против кој ќе играат. Тие дури пуштија оглас и преку Твитер профилот, а понудата е до селекциите на Лихтенштајн, Сан Марино, Молдавија, Летонија, Литванија, Андора, Косово и Индија.

Монтсерат моментно се наоѓа на 199 место на ФИФА листата, а нивниот најдобар играч Лоин Тејлор е член на екипата на Чарлтон во третата англиска лига.

- Оглас -

Најнови вести