Јужна Африка има проблем да најде противник за пријателски мечеви, а Мадагаскар е втората репрезентација во два дена што им откажа.
Пред нив, Замбија во последен момент го откажа дуелот што требаше да се игра во Лусака, и тоа од пријателски карактер против Јужна Африка, а веднаш по нив денеска и Мадагаскар се повлече од натпреварот што требаше да се игра задутре.
Причина повторно се ксенофобичните физички и вербални напади кои зачестија во Јоханесбург и во Преторија.
Јужна Африка долго го практикуваше Апартхејдот и имаше политички систем што ги сметаше луѓето со црна боја на кожата за граѓани од втор ред.