Никој не страдаше како нив – Ги минаа сите кругови од корона-пеколот

Романците се држат храбро во битката со ковид-19, иако постојано им се повторува корона-пеколот и постојано има екипи во кои се јавуваат нови случаи со позитивни на тестирањата.

Ланското првенство нон-стоп имаше по некоја екипа каде што ќе букнеше пандемијата со ковид-19, па дури мораа да одлучуваат за шампион со нокаут-меч меѓу Универзитатеа Крајова и Клуж.

Клуж победи во директна битка и ја одбрани титулата, а и тие и нивниот лут ривал во текот на ланската сезона имаа позитивни на корона-вирус.

Такви случаи имаше и во Ботошани и кај Динамо Букурешт, екипа која се спаси со административна одлука да нема испаѓање.

Сезонава почна со проблеми во Стеауа, или како што се сега познати како ФЦСБ, а сега повторно има двајца позитивни фудбалери во Универзитатеа Крајова.

Се работи за двајца младински репрезентативци на Романија кои играа во квалификациите за пласман на ЕП за играчи до 21 година. Тие ќе бидат во карантин, а првенството ќе продолжи речиси со истите маки што клубовите и романскиот фудбал ги имаат и во ланската сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести