Никој не виде дали е гол или не, само што го изведе пеналот снема струја (Видео)
Неверојатна случка на Малта.

На натпреварот од првенството на Малта помеѓу екипите на Сент Ендрјус и Марса, се случи нешто што веројатно никогаш порано не се случило во историјата на фудбалот. Марса која водеше со 2-0, требаше да шутне пенал и во моментот на шутот, снема струја, се исклучија рефлекторите и никој не виде дали топката влезе во гол или не.
Погледнете како изгледаше сето тоа: