Никој не знае каде е: Кајри Ирвинг мистериозно исчезнал

Уште пред дуелот со Филаделфија, тренерот на Бруклин нетс, Стив Неш, знаеше дека во составот ќе го нема Кевин Дурант, кој е во карантин. Сепак, Неш немаше поим дека против Филаделфија ќе биде и без Кајри Ирвинг. Додека тимот се собираше за дуелот против Филаделфија, Неш забележа дека Ирвинг недостасува.

Тренерот му пратил порака на Ирвинг, но не добил никаков повратен одговор. Бруклин мораше да игра и без Кајри, а на крајот Мрежичките успеаја и да победат против Филаделфија со 122:109.

„Не знам зошто Кајри го немаше. Му пратив порака, но немам повратна реакција. Мислам на него и се надевам дека се е во ред“, рече Неш за новонастанатата ситуација.

Според некои шпекулации, Ирвинг решил да земе слободно време поради своето ментално здравје затоа што многу бил загрижен поради ситуацијата која се случува во САД, а е поврзана со протестите на приврзаниците на Доланд Трамп и влегувањето во Капитал Хил, но и со најавите дека полицаецот кој го уби црномурниот Џејкоб Блејк пред неколку месеци, пукајќи му од непосредна близина, да не биде казнет за убиството.

Засега сигурно е дека Ирвинг нема да игра ни на следниот меч на Бруклин против Мемфис гризлис.

 

- Оглас -

Најнови вести