Никој никогаш како Халанд во историјата на Бундеслигата

Лајпциг пропушти шанса да се искачи на чело на табелата во Бундеслигата, откако на свој терен со 1:3 загуби од Борусија Дортмунд во дербито од 15. коло. Сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме, а гостите од Дортмунд покажаа дека уште се со шампионски амбиции во Германија.

Санчо погоди во 55 минута за 1:0, а потоа следуваа два погодоци на Ерлинг Браут Халанд. Со овие два гола, Халанд стигна до бројката од 25 погодоци во првите 25 натпревари кои ги има одиграно во германскиот шампионат. Ниту еден фудбалер претходно во историјата немал 25 голови во стартните 25 средби во најсилната лига на оваа земја.

 

- Оглас -

Најнови вести