Никола Митревски се врати во Битола: Чест и задоволство е да се биде дел од Е. Пелистер

Репрезентативниот голман Никола Митревски се врати во шампионот Е. Пелистер, кој во новата сезона ќе ја напаѓа „тројната круна“ на домашната сцена. Секако, тимот ќе се обиде да остави и многу подобар впечаток во Лигата на шампионите, а Митревски треба да биде еден од главните адути.

„Секогаш е убаво кога се враќаш дома, без разлика дали кратко или долго. Оваа приказна со Еурофарм Пелистер трае и чест и задоволство е што пак имам шанса да бидам дел од екипата во која што почнав да играм, пред своите сограќани, во својот град. Во овој клуб се работи правилно, доказ за тоа е што се доби „вајлд-карта“ за ЛШ. Еурофарм Пелистер оди по правата линија кон успехот. Ќе бидеме дел од кремот на европскиот ракомет, исто така и публиката ќе има можност да присуствува на спектакли каде секој меч е посебно доживување. Екипата е спој на домашни и странски играчи, искусни и помалку искусни. Очекувам да бидеме сплотени и сите заедно да ги оствариме клупските цели кои се пред нас“, изјави Митревски по претставувањето.

Македонскиот репрезентативец се враќа на домашната сцена од португалскиот Порто.

- Оглас -

Најнови вести