Никола Секулов потпиша професионален договор со Јувентус

Младиот фудбалер со македонско потекло Никола Секулов, кој е роден во Пјаченца и игра за италијанската репрезентација, денеска потпиша професионален договор со италијанскиот калчолигаш Јувентус.

Секулов кој е по потекло од Струмица важеше за голема иднина на мак-фудбалот, но реши да го искористи правото да игра за родната Италија. Тој настапуваше во младинските категории на Јуве и сега доби професионален договор.

„За мене и за моето семејство ова е еден посебен момент бидејќи, по толку многу жртви, конечно се реализира сонот да бидам професионален фудбалер на Јувентус. Но, ова сакам да биде почеток на едно ново поглавје во овој дрес и со овој клуб, на кој му благодарам што ми даде шанса да се докажам им да им ја оправдам нивната доверба. Сакам да се заблагодарам до моето семејство и мојот агент, кои ми даваа поддршка“, напиша Секулов.

- Оглас -

Најнови вести