Никола Серафимов: „Треба да поправиме многу работи, се уште имаме шанси за првото место“

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра само 1-1 на гостувањето кај Фарските острови во првиот меч од новото издание на Лигата на нации. Централниот дефанзивец на Македонија, Никола Серафимов, не е задоволен од тоа што го одигра репрезентацијата, посебно во првото полувреме, но и од резултатот од мечот во Торсхавн.

„Не сме задоволни ниту од резултатот, ниту од играта, посебно во првото полувреме. Примивме гол така како што примивме, не знам дали беше пенал или не, не ја видов ситуацијата, меѓутоа имавме доволно време да се консолидираме  и да се вратиме во натпреварот, но ете на крај не успеавме да земеме три бода. Мислам дека треба многу работи да се поправат, пред се желбата и борбата. Секогаш кога ќе добиете шанса да играте за националниот тим и да ја претставувате Македонија, треба да бидете на највисоко можно ниво, затоа што одговорноста е многу голема и претставуваме држава од два милиони луѓе и мораме многу подобро во иднина. Мислам дека не е ништо изгубено, имаме нов натпревар за три дена. Според мене, доколку сакаме да направиме нешто, мора да поправиме многу работи и да направиме пресвратница.“ – рече централниот дефанцивез на Македонија, Никола Серафимов.

- Оглас -

Најнови вести