Николче е доказ дека со само два месеци играње може да стане Типстер на месец и да се освојат 100.000 денари

За Николче Секуловски одлично почна 2022 година, затоа што во јануари тој беше Типстерот за месецот во традиционалната игра на Sport Life. Битолчанецот Секуловски вели дека не му требало многу време за да влезе во вистински ритам кога се работи брќањето на приматот Типстер на месец.

„Овој формат на Типстер на месец започнав да го играм во декември, што значи дека само два месеци ми беа потребни за да стигнам до првото место и главната премија од 100.000 денари. Еден мој пријател ми рече дека е лесно да се брка главната премија и започнав да играм. Во декември имав послаб пласман, но ете веќе во јануари стигнав до првото место“, вели Секуловски.

ЕТЕ ЗОШТО Е ДОБРО ДА НЕ СЕ ИГРА САМО НА МИНИМУМ КОЕФИЦИЕНТОТ ШТО СЕ БАРА

Првите денови од новата година биле успешни за Секуловски, но потоа имало застој во погодените тикети. На крајот, во негова корист беше тоа што тој имаше најголем коефициент на погодените тикети и заврши како прв.

„Неколку погодени тикети имав во првите десетина дена и веднаш се издвоив на врвот. Сепак, потоа подолг период бев без погоден тикет, а пред крајот, еден обложувач стигна до осум погодени тикети, а јас останав на седум. Сепак, на четири дена до крајот успеав повторно да направам добитен тикет и на врвот се наредивме тројца со ист број на погодоци. Во финишот, ниту еден од нас не успеа да стигне до деветти добитен тикет, па јас останав прв“, раскажува Секуловски.

ГО СКРШИ МАЛЕРОТ КОЈ ГО СЛЕДЕЛ ЕДНА ГОДИНА

Битолчани се познати како одлични играчи во обложувалница, па и Николче открива дека ова не е негова прва шестоцифрена добивка.

„Често играм во Sport Life. Сакам да правам тикети со големи добивки, а не уплаќам многу пари. Имам неколку добивки што биле околу или над 100.000 денари, но ме имаше погодено некој малер, па една година бев без поголема добивка. Се надевам дека со ова го скршив малерот“, низ шега вели Секуловски, кој вели дека најсигурно е да се направи добитен тикет со играње на фиксови, но дека сака да одигра и тикети на голови. Тоа посебно го прави кога брка поголема сума на пари.

Реал Мадрид е тимот за кој навива Николче, а најчесто сака да игра на најсилните и најатрактивни неколку лиги во Европа. Секуловски ја игра и акциската игра „50 шанси за 100.000 денари“, но за да направи еден таков тикет му е потребно повеќе време и концентрација.

Николче е уште еден доказ дека може да се биде „дебитант“ во Типстер купот, а на крајот да се стигне до главната премија од 100.000 денари.

Освен победникот Секуловски кој е побогат за 100.000 денари, парични премии има и за вториот во месецот, а тоа е Мишел С.кој добива 30.000 денари, а третиот Христијан Н. си заработи 20.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести