Николов го „тресна“ Ференцварош, МОЛ Види во полуфинале на унгарскиот Куп

МОЛ Види и во повратниот четвртфинален дуел против Ференцварош стигна до победа од 2-0, па со вкупен резултат од 4-1 го елиминираше ривалот и се најде меѓу четирите екипи кои ќе се борат за пласман во финалето на Унгарскиот куп.

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов во 58-мата минута беше прецизен и донесе предност за својата екипа, а триумфот го осигура Георги Миланов во 82-та минута. Николов вторпат сезонава се запиша во листата на стрелци во меч против Ференцварош, претходно ја затресе мрежата во првенствентото реми од 2-2 кое се одигра во септември минатата година.

Вториот репрезент на македонската селекција, Стефан Спировски, не беше во можност да настапи за Ференцварош поради повреда.

МОЛ Види за првпат по сезоната 2014/15 успеа да се пласира во полуфиналето од Унгарскиот куп, а таму се најдоа и Хонвед, Дебрецин и Сороксар.

- Оглас -

Најнови вести