Николов и Нестор пожолтеа против Полјаците, ја пропуштаат Австрија

Селекторот Игор Ангеловски уште сега се соочува со проблеми за квалификацискиот дуел против Австрија кој е предвиден за ноемврискиот циклус. Играчот за врска Бобан Николов заработи жолт картон против Полска уште во првите 20 минути од средбата во Варшава, што значи дека ќе добие суспензија од еден натпревар. Мрме исто така нема да смета ниту на Илија Несторовски, бидејќи и тој го заработи третиот жол картон.

Николов нема да биде во комбинација за гостувањето кај Австријците во претпоследното коло, дуел кој е закажан за 16 ноември. Претходно по еден жолт картон заработи на гостувањата кај Словенија и Израел. Несторовски положте и во првата средба против Полска која се одигра во Скопје, како и против Словенија.

Во првите половина час од дуелот меѓу Полска и Македонија, мрежите мируваат, додека домаќините имаа неколку прилики да ја затресат мрежата на Димитриевски, но гредата се покажа како сојузник за нашите Рисови.

- Оглас -

Најнови вести