Николов ќе чека шанса од клупата против Интер, главен судија ќе биде човекот кој ѝ „пресуди“ на Македонија против Германија

Бобан Николов со својот тим Шериф Тираспољ ќе бара нова сензација во Лигата на шампионите, овојпат против Интер.

Но, нашиот репрезентативец својата шанса ќе ја сочека од клупата за резервни фудбалери, а интересно е што главен делител на правдата ќе биде Дани Макели.

Холанѓанецот беше главен судија на последниот меч на нашата репрезентација во поразот против Германија од 0:4 во меч од рамките на квалификациите за Светското првенство во Катар.

Кај домашниот тим нема поголеми изненадувања во стартните единаесетмина.

ИНТЕР: Хандановиќ, Ди Марко, Шкриниар, Де Вриј, Дамфрис, Перишиќ, Брозовиќ, Барела, Видал, Мартинез, Џеко.

ШЕРИФ: Целеандиќ, Арболеда, Траоре, Кастањеда, Костанца, Кристијано, Адо, Коловос, Тил, Дуланто, Бруно.

- Оглас -

Најнови вести